Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02 и ”Службен весник на РСМ” бр.202/24), и член 97 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ” бр.124/15 и 65/18), постапувајќи по службена должност, Градоначалникот на Општина Гази Баба донесе
Р Е Ш Е Н И Е за исправка на грешка
1. Во Одлуката за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 01 Блок 03, Општина Гази Баба – Скопје, бр.28-3/605/5 од 04.11.2024 година, се врши исправка на техничка грешка, и тоа: Во текстот на одлуката, зборовите “Нацрт – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 03 Блок 01, Општина Гази Баба – Скопје” се заменуваат со зборовите “Нацрт – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 01 Блок 03, Општина Гази Баба – Скопје”.
2. Оваа исправка има соодветно правно дејство и врз сета останатата документација произлезена согласно закон, а врз основа на одлуката предмет на исправка со ова решение, односно:
3. Останатите дел од текстот на одлуката предмет на исправка со ова решение и наведената документација од точка 2 на ова решение, останува непроменет.
4. Ова решение за исправка има правно дејство од денот од кој има правно дејство одлуката предмет на исправка со ова решение, како и соодветно правно дејство и врз наведената документација од точка 2 на ова решение, произлезена согласно закон, а врз основа на одлуката предмет на исправка со ова решение.
5. Ова решение за исправка се приклучува кон одлуката предмет на исправка со ова решение, како нејзин составен дел, како и кон наведената документација од точка 2 на ова решение, како нејзин составен дел.
О б р а з л о ж е н и е
Согласно член 97 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ“ бр.124/2015 и 65/18) е пропишано дека јавниот орган што го издал управниот акт во секое време може да ги исправи грешките во имиња или броеви, пишувањето или сметањето и за исправката се издава посебен управен акт кој има правно дејство од денот од кој има правно дејство актот на кој се врши исправка.
Поради погоре наведеното, а согласно член 97 од Законот за општата управна постапка, овој орган одлучи како во диспозитивот на ова решение.