Денес во дворот на Црквата „Св. Георгиј“ во Трубарево беше осветен величествениот 25-метарски христијански крст – силен симбол на верата, надежта и духовното единство на нашиот народ.
Чинот на осветувањето го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во присуство на бројниот верен народ кој со молитва и радост го сподели овој историски момент.
Исправен високо кон небото, крстот ќе биде вечен сведок на нашата вера, нашата традиција и нашата непоколеблива духовна сила.
Овој светол ден уште еднаш потврди дека кога сме обединети околу вистинските вредности – верата, семејството и љубовта кон ближниот – можеме да создадеме дела што ќе останат за генерациите што доаѓаат.
Нека овој крст биде благослов за Трубарево, за Гази Баба и за цела Македонија.