По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, градоначалникот Бобан Стефковски положи свежо цвеќе пред споменикот во дворот на Владата и оддаде почит на хероите кои ги вградија своите животи во слободата на нашиот град.
Нивната жртва е за поклон и чувство на длабока благодарност. Нивната храброст нè обврзува да ја чуваме слободата, да го негуваме заедништвото и да работиме за град достоен за идните генерации.
Наш долг е споменот да го чуваме, а иднината да ја градиме!
Нека е честит 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје! Вечна слава на ослободителите!