Соопштение за увид на јавноста во Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на КП2001 и дел од КП2000 КО Раштак, за намена А4.3 викенд куќи и др.објекти за времено сместување, Општина Гази Баба, Скопје
Се известуваат сите заинтересирани граѓани, правните лица, државната управа,научните и стручните организации, дека Општина Гази Баба води постапка за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за КП 2001 и дел од КП 2000 КО Раштак (која целосно е во приватна сопственост), со намена А4.3 -виќенд куќа.
Просторот кој е предмет на изработка на урбанистичкиот проект се наоѓа на територијата на Општина Гази Баба, југозападно од село Раштак, до кој се пристапува преку некатегоризиран земјен пат и истиот се наоѓа вон опфат на урбанистички план. Границата на проектниот опфат опфаќа КП 2001 и дел од КП 2000 КО Раштак, и затворена линија со прекршни точки кои ги имаат следните координати по x и y: 1 Y=7540490.700 X=4659420.280 2 Y=7540494.222 X=4659424.874 3 Y=7540489.356 X=4659427.445 4 Y=7540487.096 X=4659426.028 5 Y=7540478.330 X=4659440.010 6 Y=7540462.750 X=4659421.170 7 Y=7540435.230 X=4659394.100 8 Y=7540455.880 X=4659363.570 9 Y=7540479.540 X=4659410.500. |
Границите на проектниот опфат се прикажани во графичкиот дел на ова соопштение. Површината на проектниот опфат изнесува 1656m2 , односно 0,17 ha.
Урбанистичкиот проект вон опфат на Урбанистички план за КП 2001 и за дел од КП 2000 КО Раштак, со намена А4.3 -виќенд куќа, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде објавен на веб страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) и изложен во просториите на Општина Гази Баба, барака 8, соба 73а, во рок од 15 дена и тоа почнувајќи од 10.04.2023 год. до 25.04.2023 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, во кој период може да се доставуваат евентуални забелешки преку анкетни листови.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења преку информациски систем е-урбанизам или архивата на Општина Гази Баба.
На линковите подолу можете да ја погледнете целосната документација.
07.04.2023