СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Се известуваат сите заинтересирани граѓани, правните лица, државната управа, научните и стручните организации, дека Општина Гази Баба води постапка за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена А1.5 – станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП 2837 м.в. Милина нива, КО Црешево, Општина Гази Баба – Скопје.
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со овој Урбанистички проект ја зафаќа катастарската парцела 2837 м.в. “Милина нива” КО Црешево, Општина Гази Баба – Скопје. Границата на проектниот опфат се движи како што следи: на север започнува од најсеверната точка и се движи кон југ по границите на КП 2840 и КП 2841, потоа свртува на југ и се движи кон југ по границата на КП 2843 и КП 2842, потоа врти на исток и се движи кон север по границата со КП 4136, па свртува на север и се движи кон север по границата на КП 2838 се до почетната точка.
Наведената граница е прикажана со линија која ги поврзува сите прекршни точки, табеларно дадени со параметрите по Х и Y координати, означени со редни броеви од 1 до 6:
КООРДИНАТИ НА ПРОЕКТЕН ОПФАТ
T1 7542193.5600 4655923.9400
T2 7542190.4900 4655917.1900
T3 7542181.9800 4655903.1800
T4 7542224.4700 4655880.1200
T5 7542249.8600 4655867.4500
T6 7542267.3000 4655889.1400
Границите на проектниот опфат се прикажани во графичкиот дел на ова соопштение. Површината на проектниот опфат изнесува 2030.99м2, односно 0.2ха .
Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена А1.5 – станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП 2837 м.в. Милина нива, КО Црешево, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде објавен на веб страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) и изложен во просториите на Општина Гази Баба, барака 8, соба 73а, во рок од 15 дена и тоа почнувајќи од 25.04.2023 год. до 10.05.2023 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, во кој период може да се доставуваат евентуални забелешки преку анкетни листови.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења преку информациски систем е-урбанизам или архивата на Општина Гази Баба.
На линковите подолу можете да ја погледнете целосната документација.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2165
25.04.2023