Соопштение за увид на јавноста за УПВО на Урбанистички план за изградба на објекти со намена – времен престој – викенд куќа на КП 2005 КО Раштак, Општина Гази Баба – Скопје
Се известуваат сите заинтересирани граѓани, правните лица, државната управа,научните и стручните организации, дека Општина Гази Баба води постапка за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за изградба на објекти со намена – времен престој – викенд куќа на КП 2005 КО Раштак, Општина Гази Баба – Скопје.
Локалитетот се наоѓа на територија на Општина Гази Баба, југозападно од село Раштак.
Проектниот опфат ја зафаќа целосно КП 2005, КО Раштак.
Границата на проектниот опфат се движи како што следи:
– на североисток започнува од најсеверната точка 1, на пресекот на границите на КП 2001, КП 2002, КП 2003 и КП 2005, КО Раштак и се движи во југоисточен правец долж североисточната граница на КП 2005 со КП 2003 и КП 2004, сѐ до најисточната точка 2;
– на југоисток границата се движи во јужен правец долж границата на КП 2005 со КП 2569, КО Раштак, сѐ до најјужната точка 4;
– на југозапад границата се движи во североисточен правец долж границата на КП 2005 со КП 2006/1, сѐ до најзападната точка 6;
– на северозапад границата се движи во североисточен правец долж границата на КП 2005 со КП 2002, сѐ до почетната точка 1.
Границата на проектниот опфат може да се опише и преку координатите на секоја прекршна точка како што следи:
РЕД.БР. Y X
1 7540455.8800 4659363.5700 Најсеверна
2 7540477.7500 4659341.9000
3 7540500.6500 4659326.1600 Најисточна
4 7540493.1900 4659289.7700 Најјужна
5 7540464.1800 4659312.2000
6 7540440.9700 4659331.5300 Најзападна
Вкупната површина на проектниот опфат во рамките на опишаните граници изнесува
2046,09 m², односно 0,20 ha.
Периметарот на проектниот опфат изнесува 197,94m’.
Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за изградба на објекти со намена – времен престој – викенд куќа на КП 2005 КО Раштак, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде објавен на веб страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) и изложен во просториите на Општина Гази Баба, барака 8, соба 73а, во рок од 15 дена и тоа почнувајќи од 15.03.2023 год. до 30.03.2023 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, во кој период може да се доставуваат евентуални забелешки преку анкетни листови.
На линковите подолу можете да ја погледнете целосната документација.
13.03.2023