Соопштение за увид на јавноста за Урбанистички проект вон плански опфат на урбанистички план на дел од КП 2000 КО Раштак, за намена А4.3 виќенд куќи и други објекти за времено сместување, Општина Гази Баба – Скопје
- Се известуваат сите заинтересирани граѓани, правните лица, државната управа,научните и стручните организации, дека Општина Гази Баба води постапка за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за дел од КП 2000 КО Раштак (која целосно е во приватна сопственост), со намена А4.3 -виќенд куќа.
– Просторот кој е предмет на изработка на урбанистичкиот проект се наоѓа на територијата на Општина Гази Баба, југозападно од село Раштак, до кој се пристапува преку некатегоризиран земјен пат и истиот се наоѓа вон опфат на урбанистички план. Границата на проектниот опфат опфаќа дел од КП 2000 КО Раштак, и затворена линија со прекршни точки кои ги имаат следните координати по x и y: – 1. Y=7540509.160 X=4659444.360 – 2. Y=7540497.140 X=4659462.350 – 3. Y=7540478.330 X=4659440.010 – 4. Y=7540487.096 X=4659426.028 – 5. Y=7540489.356 X=4659427.445 – 6. Y=7540494.222 X=4659424.874. |
- Границите на проектниот опфат се прикажани во графичкиот дел на ова соопштение. Површината на проектниот опфат изнесува 610 m², односно 0,06 ha.
- Урбанистичкиот проект вон опфат на Урбанистички план за дел од КП 2000 КО Раштак, со намена А4.3 -виќенд куќа, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде објавен на веб страната на Општина Гази Баба (gazibaba.gov.mk) и изложен во просториите на Општина Гази Баба, барака 8, соба 73а, во рок од 15 дена и тоа почнувајќи од 20.02.2023 год. до 07.03.2023 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, во кој период може да се доставуваат евентуални забелешки преку анкетни листови.
- Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења преку информациски систем е-урбанизам или архивата на Општина Гази Баба.
На линковите подолу можете да ја погледнете целосната документација.
Соопштение
Анкетен лист
01.02.2022