Се известуваат сите заинтересирани граѓани, правните лица, државната управа,научните и стручните организации, дека Општина Гази Баба води постапка за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за дел од КП 1542 КО Раштак (која целосно е во приватна сопственост), со намена А4.3 -виќенд куќа.
Урбанистичкиот проект вон опфат на Урбанистички план за дел од КП 1542 КО Раштак, со намена А4.3 -виќенд куќа, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде објавен на веб страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) и изложен во просториите на Општина Гази Баба барака 8 соба 71 и соба 73а, во рок од 15 работни денови и тоа почнувајќи од 02.02. 2022 год. до 22.02.2022 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, во кој период може да се доставуваат евентуални забелешки преку анкетни листови.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења преку информациски систем е-урбанизам или архивата на Општина Гази Баба.
На линковите подолу можете да ја погледнете целосната документација.
01.02.2022