Во текот на вчерашниот ден градоначалникот Бобан Стефковски оствари пријателска средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, кој воедно е и жител на нашата општина.
Во пријатна и конструктивна атмосфера разговараа за повеќе актуелни прашања, со посебен акцент на развојот на општината, унапредувањето на локалната инфраструктура, подобрувањето на условите за живот на граѓаните, како и можностите за идна соработка и поддршка на локалните иницијативи.
Беа разменети мислења и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, потребата од институционална координација и заеднички ангажман во насока на реализација на проекти од интерес на сите жители.
Продолжуваме со отворен дијалог, соработка и посветеност на прашањата што се од значење за нашата општина и нејзините граѓани.