Денес градоначалникот Бобан Стефковски со делегација од општина Гази Баба положи свежо цвеќе пред споменикот на Бобан Ивановиќ.
Бобан Ивановиќ од н.м. Стајковци е наш сограѓанин и жител на општина Гази Баба, кој беше меѓу осумината храбри бранители кои го изгубија својот живот од терористички напад во кумановско „Диво Насеље”.
Пред споменикот свежо цвеќе положија и делегација на Советот на општина Гази Баба предводена од претседателот Дијана Илиевска, делегација на семејството на Бобан Ивановиќ, делегација на Месната заедница Стајковци и други делегации.