Спортски дух, истрајност и љубов кон татковината ја одбележаа 11-тата Атлетска трка „23 Октомври“, посветена на Денот на македонската револуционерна борба. Од споменикот на ВМРО, покрај Порта Македонија, низ плоштадот Македонија и преку Камениот мост, покрај Музејот и Театарот, па преку мостот „Гоце Делчев“ и долж кејот на Вардар – учесниците испишаа уште една убава спортска приказна во срцето на Скопје.
На делниците од 5 и 10 километри, секој учесник покажа дека со волја, дисциплина и упорност се надминуваат предизвиците и се стигнува до целта!
Петта година по ред Општина Гази Баба е покровител на оваа манифестација, која ги поврзува спортот, заедништвото и почитта кон македонската историја. Искрени честитки до Томислав Спасевски за посветеноста, љубовта и ентузијазмот со кои ја негува оваа традиција, во чест на Македонија и нејзините херои!
Спортот нè учи да веруваме во себе, да го почитуваме другиот и да не се откажуваме пред пречките. Затоа ќе продолжиме да поддржуваме настани што ги обединуваат луѓето и ги поттикнуваат младите на активен и здрав живот.
Во чест на оние што се бореа за слободата, со одговорност кон иднината што ја градиме – ја чуваме традицијата и продолжуваме напред.