Триесет и четвртата седница на Советот на Општина Гази Баба е закажана
за 28.11.2023 година (вторник) со почеток во 12 часот, со следниот дневен ред:
1. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на
тримесечниот финансиски извештај за работа и резултатите од работењето на ЈКП
”Гази Баба – 2007” – Скопје, за третото тримесечје од 2023 година;
2. Предлог – Одлука за давање согласност на Статутарната Одлука за изменување на
Статутот на ЈКП ”Гази Баба – 2007” – Скопје;
3. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Правилник
за утврдување на критериуми за прием на деца на ЈУДГ ”Детска радост” – Општина
Гази Баба – Скопје, во учебната 2023/2024 година;
4. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Јавна
установа Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје;
5. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и
одржување на јавно осветлување, по барање бр.29-147/1 од 10.01.2023 година;
6. Предлог – Одлука за утврдување на потреба за поставување на привремена градба
наменета за истражувачки дејности (бушотини), на КП бр.4/9 КО Трубарево;
7. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за започнување на постапка за
доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство во врска
со инвестиционо, тековното одржување и користење на објект за спорт од локално
значење во сопственост на Oпштина Гази Баба ”Спортска сала при ООУ ”Наум
Наумовски – Борче”;
8. Предлог – Одлука за одобрување на финансиско учество на Општина Гази Баба за
кофинансирање во проект: “Изградба на вакумска фекална мрежа во зона 1,
гранка 3, и втор модул на пречистителна станица за отпадни води за 1500 е.ж. во
населено место Јурумлери”;
9. Предлог – Одлука за вовeдување во употреба на ученички униформи во
општинските основни училишта на подрачјето на Општина Гази Баба;
Ја свикувам Триесет и четвртата седница на Советот на Општина Гази Баба,
за 28.11.2023 година (вторник) со почеток во 12 часот.
10. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина
Гази Баба за 2023 година;
11. Предлог – Заклучок за усвојување на извештај за остварување на приходите и
извршување на расходите на Буџетот на Општина Гази Баба, за периодот јануари –
септември 2023 година; и
12. Предлог – Заклучок за усвојување на извештај за редовноста на членовите на
Советот на Општина Гази Баба, во постојаните комисии на Советот на Општина
Гази Баба, за период ноември 2021 година – октомври 2023 година.