Триесет и третата седница на Советот на Општина Гази Баба ќе се одржи на 19.10.2023 година (четврток) со почеток во 12 часот. За работата на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог – Заклучок за усвојување на извештај за работата на ЈУДГ ”Детска радост” – Општина Гази Баба – Скопје, за учебната 2022/2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за одржување на јавната чистота на јавните површини, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за водоснабдување на населените места во руралниот дел на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за зголемување на паричниот надоместок на ангажираните лица, согласно Програмата за одржување на комуналната чистота и реализација на проекти од комуналната инфраструктура, преку ангажирање на невработени лица за потребите на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Одлука за примање на донација од Производствено трговско друштво ”Пандев” ДОО увоз – извоз Скопје;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Гази Баба;
- Предлог – План за изменувањe на Планот на програми за развој на Општина Гази Баба – За изградба на комунална и сообраќајна инфраструктура во населба Хиподром – 2;
- Предлог – План за изменувањe на Планот на програми за развој на Општина Гази Баба – За изградба на примарна фекална канализација за населени места Смиљковци, Црешево, Виниче, Булачани, Раштак, Страчинци и Брњарци;
- Предлог – План за изменувањe на Планот на програми за развој на Општина Гази Баба – За реконструкција на уличното осветлување преку набавка и имплементација на паметни ЛЕД светилки и набавка на софтвер (SaaS) за паметни ЛЕД светилки;
- Предлог – План за изменувањe на Планот на програми за развој на Општина Гази Баба – За изградба на комунална и сообраќајна инфраструктура на комплекс EАST GATE;
- Предлог – План на програми за развој на Општина Гази Баба – За изградба на нова училишна зграда на ООУ ”Крсте Мисирков”, Општина Гази Баба – Скопје;
- Предлог – План на програми за развој на Општина Гази Баба – За изградба на детска градинка на ГП 54 – СИ 04 – Блок 3, КП – 1117/21, КО Маџари;
- Предлог – План на програми за развој на Општина Гази Баба – За реконструкција на Дом на култура ”11 Октомври” во населба Ченто;
- Предлог – План на програми за развој на Општина Гази Баба – За изградба на фаза на вакумска фекална мрежа со еден модул за ПСОВ во населено место Јурумлери;
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко – планска документација, со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат за КО Брњарци заради вклопување на бесправно изграден објект, по барање УП1 бр.28-737 за КП 735 КО Брњарци;
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко – планска документација, со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат за КО Брњарци заради вклопување на бесправно изграден објект, по барање УП1 бр.28-3067 за КП 906/3 КО Брњарци;
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко – планска документација, со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат за КО Брњарци заради вклопување на бесправно изграден објект, по барање УП1 бр.28-11780 за КП 733/7 КО Брњарци;
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко – планска документација, со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат за КО Брњарци заради вклопување на бесправно изграден објект, по барање УП1 бр.28-326 за КП 732/4 и КП 734/4 КО Брњарци;
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко – планска документација, со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат за КО Брњарци заради вклопување на бесправно изграден објект, по барање УП1 бр.28-4339 за КП 732/5 КО Брњарци и КП 732/3 КО Брњарци;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за урбано планирање ”Ф” на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за улично осветлување на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за основното образование на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за локален економски развој на Општина Гази Баба за 2023 година; и
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година.