Свикана е Триесет и втората седница на Советот на Општина Гази Баба, за 28.09.2023 година (четврток) со почеток во 12 часот, а за работата на седницата е предложен следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување на ЈКП ”Гази Баба – 2007” – Скопје за 2024 година;
- Предлог – Заклучок за усвојување на извештај за работата на ЈУДГ ”Детска радост” – Општина Гази Баба – Скопје, за учебната 2022/2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување на ЈУДГ ”Детска радост” – Општина Гази Баба – Скопје за 2024 година;
- Предлог – Одлука за неприфаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Гази Баба и Општина Чешиново – Облешево;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за поднесување на барање за обезбедување на финансиска поддршка за изработка на физибилити студија со техничка документација за собирен центар за цврст отпад за општините Гази Баба и Центар и физибилити студија со техничка документација за управување и третман на биолошки отпад (компостирање);
- Предлог – Правилник за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и стипендии за ученици со посебни образовни потреби од Општина Гази Баба;
- Предлог – Одлука за доделување на финансиски средства на фудбалски клуб Вардар АД Скопје;
- Предлог – Одлука за намера за реализација на приоритетен проект – ”Изградба на фекална канализација во населено место Гоце Делчев”;
- Предлог – Одлука за распишување Јавен повик за свикување на иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба;
- Предлог – Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство во врска со инвестиционо, тековното одржување и користење на објект за спорт од локално значење во сопственост на Oпштина Гази Баба ”Спортска сала при ООУ ”Наум Наумовски – Борче”;
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко – планска документација, со која ќе се усогласи намената на земјиштето на кое е изграден бесправен објект, по барање УП1 бр.28-6780 за КП 70 КО Маџари; и
- Советнички прашања.