Градоначалникот
Бобан Стефковски направи увид во градежните работи за реконструкција на улицата Модест Мусоргски во Триангла. Интензивно се работи на изградбата на тротоарите, а веднаш потоа ќе се премине и на комплетна реконструкција на коловозот.
Реконструкцијата на оваа улица ја реализираме за прв пат по нејзината изградба во 1963 година.
Ќе продолжи реализацијата на проекти од областа на патната инфраструктура и во следниот период. Во таа насока во буџетот за 2024 година ќе се определат средства за реконструкција и ревитализација на повеќе од 30 локални улици насекаде низ Општина Гази Баба.