Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Гази Баба, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.09.2023 година се објавува:
В Т О Р Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Вклучени граѓани, подобрени услуги“ за работно ангажирање со скратено работно време, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата со работно ангажирање до 31.03.2023 година.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 15.750,00денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место 1: негователи во детска градинка, со стекната лиценца за неговател во детска градинка
Позиции за работно место 1: 3 (три) негователи во детска градинка
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:
ССС-ниво Г1 неговател од прво ниво, завршено соодветно средно четиригодишно образование. Во рамките на категоријата Д се утврдуваат следниве нивоа на работни места нанегователи:
– активен барател на работа
– ниво Д1 неговател/помошник – воспитувач за нега и грижа на деца со специфични потреби попречени во менталниот развој или телесна попреченост од прво ниво (завршено четиригодишно средно образование – општа гимназија, средно медицинско училиште општа насока, средно музичко училиште, средно ликовно училиште или средно фискултурно училиште или со вишо образование кое поседува важечка лиценца за неговател).
– Да поседува важечка лиценца за неговател издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и на директори на установи при МТСП
Работно место 2: воспитувач во градинка, со завршено ВСС образование за воспитувач и со стекната лиценца за воспитувач во градинка
Позиции за работно место2: 1 (еден) воспитувач во детска градинка
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:
ВСС- воспитувач во детска градинка, со завршено соодветно високо образование. Во рамките на категоријата Д се утврдуваат следниве нивоа на работни места на воспитувач:
– активен барател на работа
– ниво Д1 воспитувач во детска градинка за нега и грижа на деца со специфични потреби попречени во менталниот развој или телесна попреченост (завршено ВСС за воспитувач кое поседува важечка лиценца за воспитувач).
– Да поседува важечка лиценца за воспитувач издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и на директори на установи при МТСП
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Гази Баба и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во: општина Гази Баба кај лицето Валентина Ангеловска- Ќиевска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје кај лицето Гоце Петрушевски и во Центар за социјална работа Гази Баба кај лицето Билјана Ангелова.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Бобан Стефковски
Во прилог подолу може да го погледнете целосно скениран Јавниот Повик