Вечерва, во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево, се одржа четвртиот граѓански буџетски форум со жителите на Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма.
Во непосреден и отворен разговор ги слушнавме потребите, проблемите и предлозите на граѓаните за нивните населби.
Секоја предложена улица, секое посочено инфраструктурно прашање и секоја иницијатива за подобри услови за живот носат одговорност за нас да ги разгледаме и да работиме на нивно решавање.
Преку овие форуми заеднички ги утврдуваме приоритетите за буџетот за 2027 година, насочувајќи ги средствата кон она што им е најпотребно на граѓаните.
Народот го дава правецот, а наша обврска е довербата да ја оправдаме со работа и резултати!
Благодариме на сите присутни за искрените разговори, предлозите и активното учество во планирањето на развојот на нашата општина.
Граѓанинот одлучува, ние одговорно спроведуваме и даваме отчет!
Продолжуваме транспарентно и посветено да му служиме на нашиот народ!