Денес започнаа градежните активности за реконструкција на улицата 519 во населбата Керамидница, проект кој носи значајно подобрување на патната инфраструктура и условите за секојдневно движење на жителите.
Улицата 519 претставува една од клучните сообраќајни артерии во Керамидница и нејзината реконструкција е од особено значење за подобрување на безбедноста, пристапноста и квалитетот на сообраќајот во населбата.
Ова е реализација на долгогодишно барање на жителите на Керамидница, кои со години очекуваат уредување и подобрување на оваа значајна сообраќајница.
Со реконструкцијата се опфатени вкупно 1.294 метри од улицата, со што ќе се овозможи значително подобрување на инфраструктурните услови на оваа важна делница.
Вредноста на проектот изнесува 21.194.404 денари, а средствата се обезбедени преку вториот јавен повик на Владата, со што продолжуваме со реализација на конкретни и значајни инфраструктурни проекти.
Со почетокот на градежните активности покажуваме дека инвестициите во патната инфраструктура продолжуваат со засилено темпо и дека се работи на решавање на реалните потреби на граѓаните.
Инвестираме во подобри услови за живот во сите населени места, затоа што секоја населба заслужува современа, безбедна и функционална инфраструктура.
Продолжуваме да работиме на реконструкција и унапредување на улиците, подобрување на сообраќајната поврзаност и создавање подобри услови за сите граѓани.
Со посветена работа, планирани инвестиции и реализација на конкретни проекти, чекор по чекор создаваме подобра инфраструктура и поквалитетно секојдневие за граѓаните.
Продолжуваме во оваа насока – со инвестиции, со работа и со конкретни резултати во секое населено место!