Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба во координација со Центарот за јавно здравје презема навремени и засилени превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Одделението за заштита и спасување, во соработка со Центарот за јавно здравје, спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе локации низ Oпштина Гази Баба.
Со третманот се опфаќаат критичните и приоритетни локации, а превентивното делување ќе продолжи и во наредните денови, согласно состојбата и препораките на надлежните институции.
Нема простор за паника, но потребни се внимателност и одговорност. Надлежните служби ја следат состојбата и се преземаат сите неопходни мерки и активности со цел намалување на ризикот и заштита на населението.
Апелираме и до граѓаните да придонесат во превенцијата – да не оставаат садови и површини со застоена вода во дворовите, на терасите и околу домовите, бидејќи тие претставуваат погодна средина за размножување на комарците.
Здравјето и безбедноста на граѓаните се наш приоритет!
– Дејствуваме навремено.
– Преземаме конкретни мерки.
– Ја следиме состојбата на терен.
Општина Гази Баба продолжува со засилени превентивни активности и во следниот период!