Ве известуваме дека согласно точка 1, алинеја 4 од Јавниот повик за надоместување на трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2023 година и член 4 став 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба, субвенционирањето на граѓаните на Општина Гази Баба за купување на високефикасни инвертер клима уреди за 2023 година ЗАРАДИ ИСЦРПУВАЊЕ НА СРЕДСТВА Е ЗАТВОРЕН.
Барањата за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за купување на високефикасни инвертер клима уреди повеќе нема да се примаат.