Врз основа на член 22 став (1) точка 3 и член 62 став (1) од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), Законот за угостителската дејност (”Службен весник на РМ” бр.62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 71/16 и ”Службен весник на РСМ” бр.31/20), Правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање ознака во селско домаќинство во руралните средини, како и формата и содржината на образецот на ознаката (“Службен весник на РМ” бр.169/14), Правилникот за услови за категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност (“Службен весник на РМ” бр.16/06, 87/12 и 41/13), Програмата за локален економски развој на Општина Гази Баба за 2023 година (”Службен гласник на Oпштина Гази Баба” бр.14/22) и Правилник за адаптација на автентични куќи со мали капацитети на сместување и угостителски услуги во селски домаќинства на семејна фарма, на подрачјето на Општина Гази Баба (”Службен гласник на Oпштина Гази Баба” бр.08/23), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка за адаптација на автентични куќи со мали капацитети на сместување и угостителски услуги во селски домаќинства на семејна фарма, на подрачјето на Општина Гази Баба
- Предмет на јавниот повик:
- Користење на финансиските средства утврдени во Буџетот на Општина Гази Баба, со намена за надоместување на дел од трошоците направени за адаптација на автентични куќи со мали капацитети на сместување и угостителски услуги во селски домаќинства на семејна фарма, на подрачјето на Општина Гази Баба.
- Финансиските средства се обезбедени од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година, Програма за локален економски развој, во износ од 000,00 денари.
- Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на селските домаќинства, искористени за адаптација на автентични куќи со мали капацитети на сместување и угостителски услуги во селски домаќинства на семејна фарма, во износ од 50% од вредноста, но не повеќе од 250.000 денари.
- Право на учество на јавниот повик имаат:
- Право на користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба согласно овој Правилник имаат рурални домаќинства со ознака на селски домаќинства согласно Правилник за начинот и поблиските критериуми за добивање ознака во селско домаќинство во руралните средини, како и формата и содржината на образецот на ознаката (Службен весник на РМ, бр. 169 од 18.11.2014 година), на подрачјето на Општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите од овој Правилник и ја доставиле потребната документација.
- Критериуми и услови за учество:
- Објектот предмет за адаптација да биде постар од 10 години;
- Објектот да е со адреса на територијата на Општина Гази Баба;
- Решение за категоризација на објектот;
- Изјава за кофинансирање заверена на нотар;
- Имотен лист не постар од два месеци со кој се докажува сопственоста на објектот.
- Комисијата ќе работи согласно принципот „прв дојден прв услужен“;
- Потребна документација за пријавување за реконструкција на кров на станбена зграда:
- Пополнета апликација – Образец, потпишана од сопственикот на селското домаќинство;
- Решение од тековна Состојба од Централен Регистар на РС Македонија не постара од два месеци од објавата на јавниот повик;
- Решение за категоризација на објектот од Град Скопје согласно Правилникот за услови за категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност – Прилог 4 – Категоризација на куќи, станови и соби за издавање, и Прилог 5 – Категоризација на ресторани;
- Решение за упис во регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност од општина Гази Баба согласно Законот за угостителската дејност;
- Ознака за селско домаќинство (доколку го поседува) согласно Правилник за начинот и поблиските критериуми за добивање ознака во селско домаќинство во руралните средини, како и формата и содржината на образецот на ознаката;
- Изјава за старост на објектот предмет на адаптација, заверена од страна на нотар;
- Изјава за кофинансирање со сопствени средства за адаптација на објектот од страна на сопственикот на објектот, заверена на нотар;
- Имотен лист не постар од 2 месеци на сопственикот на селското домаќинство за просторот предмет на адаптација;
- Проектна документација за адаптација (доколку е изработена при аплицирање). Доколку не е изработена, да се достави најдоцна до крајниот рок за аплицирање;
- Решение за адаптација добиено од секторот за урбанизам на Општина Гази Баба;
- Понуди од три економски оператори за адаптација на просторот (доколку се има проектна документација при аплицирање). Доколку се нема, да се достави најдоцна до крајниот рок за аплицирање;
- Копија од жиро сметката или трансакциска сметка на сопственикот на селското домаќинство на семејна фарма;
- Изјава заверена на нотар од подносителот на барањето дека нема користено финансиски средства за било која намена од Буџетот на Општина Гази Баба во периодот пред објава на јавниот повик;
- Рок и начин на доставување на пријавите:
Апликацијата со другите пропратни документи (Правилник, Јавен Повик, Апликација, Изјава) за проектот „Финансиска поддршка за адаптација на автентични куќи со мали капацитети на сместување и угостителски услуги во селски домаќинства на семејна фарма, на подрачјето на Општина Гази Баба “ може да се подигне во Архивата на Општина Гази Баба или на официјалната веб страница на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk);
Јавниот повик ќе трае до 15 Октомври, 2023 година, односно до реализирање на финансиските средства предвидени во Буџетот на општина Гази Баба за 2023 година.
Пријавите треба да се доставуват преку пошта до адреса „Архимедова“ бр. 2, или директно во Архивата на општина Гази Баба најдоцна до 15 10.2023 година, односно до 15 часот на последниот ден од Јавниот Повик, со назнака:
„Јавен повик за финансиска поддршка за адаптација на автентични куќи со мали капацитети на сместување и угостителски услуги во селски домаќинства на семејна фарма, на подрачјето на Општина Гази Баба “.
Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, со означување на субјектот кој ја поднесува пријавата.
Неуредните апликации/пријави кои не се доставени на начин како што се бара во јавниот повик, односно кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и оние кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.
Подетални информации, заинтересираните можат да добијат на e-mail адресата: contact@gazibaba.gov.mk , или директно во секторот за локален економски развој и европски интегграции.
Правилник
Јавен Повик
Пријава
Изјава