Врз основа на член 22 став (1) точка 3 и член 62 став (1) од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02) и член 151 став (2) од Деловникот на Советот на Oпштина Гази Баба (”Службен гласник на Oпштина Гази Баба” бр.4/06 и 12/13), во согласност со Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година (”Службен гласник на Oпштина Гази Баба” бр.14/22), Градоначалникот на општина Гази Баба објавува :
Јавен повик
за финансиска поддршка за организација на Европска недела на мобилноста за 2023 година
Средствата од Буџетот на Општина Гази Баба ќе се користат за организирање на Европската недела на мобилност. Активностите кои ќе се организираат во рамките на неделата треба да одговорат на следната тема: Движи се рационално, штеди енергија. Активностите треба да имаат за цел подигање на јавната свест за користење на различни аспекти на движење (мобилност), да се промовираат иновативни сообраќајни решенија, со што ќе се намали употребата на автомобили, ќе се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот.
Во рамките на организацијата на програмските активности понудувачот треба:
Предвидените активности треба да бидат иновативни, соодветни на темата, инспиративни, да обезбедат масовно присуство на граѓани од сите возрасти, да бидат едукативни, забавни, интересни, со еден збор седмицата во која традиционално се одржува Европска Недела на Мобилност (16-22.09) да биде исполнета со голем број на различни настани.
Како засегнати страни во организирањето на настаните можат да бидат: градинките, основните училишта, граѓаните на општина Гази Баба и други.
За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик, ќе се користат средствата на Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година од потпрограмата Р1, Трансфери до невладини организации, во вкупен износ од 200.000,00 денари.
Општина Гази Баба со претставникот на најдобрата понуда ќе склучи Договор за организација на “Европската недела на мобилноста за 2023 година“.
Средствата ќе бидат исплатени по потпишување на договорот, и тоа 50% по потпишување на договорот и 50% по доставување извештајот за реализација на манифестацијата.
Општината го задржува правото да не ги исплати сите финансиски средства доколку не се исполнети условите за доделување на финансиски средства согласно Правилникот.
Краен рок за реализација на проектот е 22 Септември 2023 година. Рокот за доставување на Извештајот за реализација на проектот е 15 Октомври 2023 година.
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
Проценката на квалитетот на проектите на заинтересираните апликанти кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на критериуми, достапни со пријавата. Изборот на најдобрите предлог проекти ќе го изврши Комисија формирана од Градоначалник на општина Гази Баба.
Проценката на квалитет ќе се врши согласно:
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:
Покрај пријавата која што треба да биде пополнета (дигитално со печатни букви на кирилично писмо), потпишана од надлежното лице и заверена со печат на здружението, фондацијата, трговското друштво, установата или маркетинг агенцијата апликантот задолжително треба да ги достави следниве прилози:
Напомена: Пријавите со непотполна документација или кои што ќе бидат доставени по стекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се враќаат.
За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот со Решение формира Комисија.
Комисијата е должна да изврши увид во пристигнатите предлог проекти, да изврши оценка на проектите врз основа на критериумите дефинирани согласно Јавниот повик и да достави предлог за склучување на договор со здруженијата на граѓани и фондации чии проекти се најдобро оценети до Градоначалникот.
Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и достават во печатена форма, и електронска форма на УСБ во PDF формат, до Архива на општина Гази Баба, ул. Архимедова бр.2, најдоцна до 07.08.2023 година.
Електронската верзија на докуметацијата треба да се достави и на следната e-mail адреса: Nikola.Jovanovski@gazibaba.gov.mk.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во затворен коверт на адреса:
Општина Гази Баба – Скопје, Сектор за заштита на животната средина и природата, ул. “Архимедова“ бр.2, 1000 Скопје (со назнака – Сектор за заштита на животната средина и природата – Пријава за финансиска поддршка за организација на Европска недела на мобилноста за 2023 година).
Апликантите на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на објавување на Јавниот повик.
Пријавата за финансиска поддршка, критериумите за избор и финансиската конструкција се достапни во просториите на општина Гази Баба, Сектор за заштита на животната средина и природата, барака бр.2, секој работен ден од 9.00 до 16.00 часот и на интернет страната на општина Гази Баба – www.gazibaba.gov.mk .
Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат до Сектор за заштита на животната средина и природата на e-mail адреса: Nikola.Jovanovski@gazibaba.gov.mk.
Линковите од документацијата се во прилог, а може да ги превземете подолу: