Врз основа на член 36 став (1) точка 10, член 62 став (1) и член 67 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02 и ”Службен весник на РСМ” бр.202/24), член 3 став (2) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (“Службен весник на РМ” бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и ”Службен весник на РСМ” бр.101/19, 275/19, 122/21и 193/25), и Одлуката на Советот на Општина Гази Баба за условите, начинот и постапката за користење на домот на култура „Димитар Влахов“ (Службен весник на Општина Гази Баба бр.19/25 ), Општина Гази Баба објави
ЈАВЕН ПОВИК за условите, начинот и постапката за користење на домот на култура „Димитар Влахов“
1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
– Согласно Одлуката на Советот на Општина Гази Баба се дефинирани условите, начинот и постапката за користење на домот на култура „Димитар Влахов“ во населба Автокоманда;
– Домот на користење може да биде даден на користење на домашни и странски правни и физички лица од областа на културата и општествените дејности, согласно условите, начинот и постапката уредени во Одлуката на Советот на Општина Гази Баба за условите, начинот и постапката за користење на домот на култура „Димитар Влахов“ во населба Автокоманда;
2. ЈАВЕН ПОВИК
– Јавниоп повик ќе биде објавен на веб страната на општина Гази Баба – www.gazibaba.gov.mk
– Јавниот повик ќе трае петнаесет (15) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Гази Баба;
3. УСЛОВИ НА УЧЕСТВО
– Сите културно уметнички и општествени дејности, освен за хип-хоп, улично танцување (street dance), модерен балет и фолклорни друштва, кои се регистрирани на територијата на Општина Гази Баба, или имаат подружница на подрачјето на Општина Гази Баба;
– Домот за култура се дава на користење секој ден од понеделник до недела, од 10.00 часот до 22.00 часот, освен за време на државни и верски празници;
– Домот за култура ќе се издава на користење за 600.00 денари плус ДДВ за времетраење од еден час;
– За користење на културниот дом за период подолг од една недела и не подолго од една година се склучува Договор;
– Корисникот не може да го отстапува правото на користење на друг корисник;;
– За користење на културниот дом до една недела се изготвува Решение за доделување на термин за користење;
– Правните и физички лица кои не наплатуваат членарина или не наплатуваат за своите услуги, ќе може бесплатно да го користат Културниот дом Димитар Влахов;
4. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
– Правните лица треба да ги достават слeдните документи:
– Барање кое ги содржи следните податоци
1. Назив, седиште и единствен даночен број;
2. телефон за контакт и е-маил адреса; и
3. за која намена, период и термин се поднесува барањето;
– Копија од тековна состојба од Централниот регистар, не постара од два месеци, како доказ за регистрирана дејност;
– Потврда од надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од два месеци;
– Банка-депонент и банкарска сметка кои ги докажуваат со документ издаден од нивната банка;
– Нотарска изјава дека не наплатуваат членарина, доколку се бара користење на домот за култура без надомест;
– Физичките лица треба да ги достават следните документи:
– Барање кое ги содржи следните податоци
1. Име и Презиме, адреса и матичен број;
2. телефон за контакт и е-маил адреса; и
3. за која намена, период и термин се поднесува барањето;
– Копија од лична карта или патна исправа, како доказ за идентификација;
– Банка-депонент и банкарска сметка кои ги докажуваат со документ издаден од нивната банка;
– Нотарска изјава дека не наплатуваат членарина, доколку се бара користење на домот за култура без надомест;
5. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВА НА БАРАЊАТА
– Барањето со бараните пропратни документи може да се најдат во Архивата на Општина Гази Баба или на официјалната веб страница на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk);
– Барањата треба да се доставуват преку пошта до „Архимедова“ бр. 2, или директно во Архивата на општина Гази Баба најдоцна до 24 Февруари 2026 година, односно до 16 часот на последниот ден од Јавниот Повик, со назнака:„За јавниот повик за користење на дом за култура Димитар Влахов “;
– Барањата со потребната документација се доставуваат во затворен А4 коверт со ознака „Не отварај“;.
– Неуредните Барања кои не се доставени на начин како што се бара во Јавниот Повик, односно кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и оние кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Линкови:
Одлука Културен дом „Димитар Влахов“