JАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државна управа, претставници на единиците на локална самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Општина Гази Баба организира
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
по Предлог ДУП за градска четврт СИ 06 Блок 5, Општина Гази Баба – Скопје
Нацрт – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 06 Блок 5, Општина Гази Баба – Скопје изработен од ДУПИ “ТЕКТОН” Дооел Скопје, со тех.бр. 303/20 од Јули 2021 година со површина на опфат од 6,96 ха., е утврден од страна на Советот на Општина Гази Баба со ОДЛУКА бр.09-2637/4 од 08.07.2021год.
Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 06 Блок 5, Општина Гази Баба – Скопје изработен од ДУПИ “ТЕКТОН” Дооел Скопје, со тех.бр. 303/20 од Август 2023 година со површина на опфат од 6,96 ха.,. претрпе значајни промени во однос на Нацрт ДУП-от и затоа се спроведува повторна јавна презентација и јавна анкета.
Границите на планскиот опфат се:
Во рамките на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 06 Блок 5 се предвидени следните класи на намена:
ПОВТОРНАТА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 06 Блок 5, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 17.10.2023 год. со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
ПОВТОРНАТА ЈАВНА АНКЕТА по Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 06 Блок 5, Општина Гази Баба – Скопје, ќе трае 12 работни дена и тоа во период од 13.10.2023год. до 31.10.2023год.
Повторната Јавна анкета се спроведува и во електронска форма и во хартиена форма. Повторната Јавна анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е-урбанизам и преку службената веб страна на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) , а во писмена форма се спроведува со излагање на планот во просториите на Урбаната заедница ″Хиподром″.
Графички прилог на Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 06 Блок 05, Општина Гази Баба – Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Хиподром″, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, а ќе биде достапен и во просториите на Општина Гази Баба, Сектор за урбанизам и градежно земјиште, Одделение за урбанистичко планирање.
Учесниците во повторната јавна анкета можат своите забелешки и предлози на Предлог планот да ги доставуваат на донесувачот во писмена форма преку анкетни листови до Урбаната заедница “Хиподром”, преку информациски систем е-урбанизам, како и по електронски пат до веб адресата на Општината, само во определениот рок за времетраење на повторната Јавна анкета.
Се со цел навремено доставување на писмени забелешки, предлози или мислења преку анкетни листови и активно учество на повторната јавна презентација и јавна анкета, Ве покануваме да присуствувате на повторната Јавна презентација.
Доколку во определениот рок не ги доставите анкетни листови, ќе се смета дека немате никави забелешки, предлози и мислења по Предлог ДУП за градска четврт СИ 06 Блок 05, Општина Гази Баба – Скопје.
Линк:
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2325
ДУП СИ 06 Блок 05_Планска_DWG (предлог план) (4)-Синтезен