С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот oпфатен со Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 11, Општина Гази Баба – Скопје, државната управа, научните и стручните организации, дека Градоначалникот на Општина Гази Баба донесе Одлука за организирање на:
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА
По Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 11, Општина Гази Баба – Скопје, кoj oпфаќа простор од 20.15 ха, со следните граници :
На северозапад, границата на плански опфат се движи по оска на собирна улица „Индустриска 2“, на североисток по оска на собирна улица „Индустриска 1“, на југоисток по осовина на магистрална улица „Пролетна офанзива“, а на југозапад се совпаѓа со осовина на регулација на корито на река Вардар (граница на опфат на ГУП на град Скопје).
Предлог Детален урбанистички план за градска четврт СИ 11, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница “Маџари”, во рок од 8 работни дена и тоа почнувајќи од 02.01.2024 год. до 12.01.2024 год., секој работен ден од 8.00 часот до 16.00 часот.
Повторната Јавна презентација на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт СИ 11, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 12.01.2024 год (Четврток) со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во повторната Јавна анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Маџари”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови.
Конечен Предлог ДУП СИ 11 Општина Гази Баба Општина Аеродром_ Синтезно
Линк:
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2414