С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот oпфатен со Предлог Детален урбанистички план за градска четврт С19, Блок 7, Општина Гази Баба, државната управа, научните и стручните организации, дека Градоначалникот на Општина Гази Баба донесе Одлука за организирање на:
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА
По Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт С19, Блок 7, Општина Гази Баба, кoj oпфаќа простор од 6.065 ха, со следните граници :
Во граници на опфатот на ДУП се планираат следните намени:
А – Домување,
Б – Комерцијални и деловни намени,
В – Јавни институции
Д – Зеленило и рекреација,
Е – Инфраструктура
и површини наменети за сообраќајници
Предлог Детален урбанистички план за градска четврт С19, Блок 7, Општина Гази Баба, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница “Маџари 2”, во рок од 6 (шест) работни дена и тоа почнувајќи од 20.12.2024 год. до 27.12.2024 год., секој работен ден од 8.00 часот до 16.00 часот.
Повторната Јавна презентација на Предлог – Детален урбанистички план за градска четврт С19, Блок 7, Општина Гази Баба, ќе се одржи на ден 23.12.2024 год (понеделник) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во повторната Јавна анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Маџари 2”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2702