Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (“Сл.весник на РСМ” бр.32/2020 и бр.111/2023), Општина Гази Баба, го дава следното:
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Се известуваат сите заинтересирани граѓани, правните лица, државната управа, научните и стручните организации, дека Општина Гази Баба води постапка за одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г4.1 – отворени, полузатворени, затворени складишта за индустриска стока и дистрибутивни центри со складови, на дел од КП 39/1 КО Трубарево, Општина Гази Баба – Скопје.
Локалитетот се наоѓа во југо-западниот дел на село Трубарево и до сега не бил опфатен со урбанистичка документација.
Границите на проектниот опфат се:
Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 0.56 ха (5623.171м2) и периметар од 400.130м’, со следните координати на прекршни точки на опфатот:
центар Y=7543020.239 X=4649290.537
радиус 10.500
почетен агол 150.8702 краен агол 208.5583
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г4.1 – отворени, полузатворени, затворени складишта за индустриска стока и дистрибутивни центри со складови, на дел од КП 39/1 КО Трубарево, Општина Гази Баба – Скопје, ќе биде објавен на веб страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) и изложен во просториите на Општина Гази Баба, барака 8, соба 73а, во рок од 15 дена и тоа почнувајќи од 29.05.2024 год. до 12.06.2024 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, во кој период може да се доставуваат евентуални забелешки преку анкетни листови.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења преку информациски систем е-урбанизам или архивата на Општина Гази Баба.
Анкетен лист-КП 39-1, КО Трубарево
Линк:
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2520