ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ И ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ
Одделение за урбанистичко планирање
Бр.28-3/244/6 од 06.02.2024 година
С К О П Ј Е
Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (“Сл.весник на РМ” бр.32/2020), Општина Гази Баба, го дава следното:
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Се известуваат сите заинтересирани граѓани, правните лица, државната управа, научните и стручните организации, дека Општина Гази Баба води постапка за одобрување на Урбанистички проект вон плански опфат за н.м. Раштак за формирање на ГП со намена А4.3 Викенд куќи за времен престој на КП 1775 и 1776, КО Раштак, Општина Гази Баба-Скопје.
Границите на предметниот опфат на УП се:
Од северната страна граничи со КП 1774,
Од источната страна граничи со КП 1773/1
Од јужната страна граничи со КП 1777 и
Од западната страна граничи со пристапниот пат КП 2568/2
Проектниот опфат е дефиниран со следните координати на проектен опфат:
X Y
1 7540738.5100 4659453.9100
2 7540726.7200 4659461.1000
3 7540721.7700 4659433.7800
4 7540731.9100 4659429.3900
5 7540760.5500 4659416.5800
6 7540765.9200 4659437.2900
Вкупната површина на проектниот опфат изнесува 1039.50m².
Урбанистички проект вон плански опфат за н.м. Раштак за формирање на ГП со намена А4.3 Викенд куќи за времен престој на КП 1775 и 1776, КО Раштак, Општина Гази Баба-Скопје, ќе биде објавен на веб страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) и изложен во просториите на Општина Гази Баба, барака 8, соба 73а, во рок од 15 дена и тоа почнувајќи од 07.02.2024 год. до 21.02.2024 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот, во кој период може да се доставуваат евентуални забелешки преку анкетни листови.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења преку информациски систем е-урбанизам или архивата на Општина Гази Баба.
На линковите подолу можете да ја погледнете целосната документација.
Синтезно решение-КО Раштак КП 1775 и 1776
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=2447