Врз основа на точка 2 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/23) и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори за 2024 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.2/24) Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори за 2024 година
1.1.Со цел стимулирање на користењето на сончевата енергија во Репулика Северна Македонија, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во свиоте домови, општина Гази Баба ќе им надомести дел од трошоците во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство за 2024 година, под услов купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Репулика Северна Македонија за купување сончеви термални колекторски системи во својот дом.
1.2.Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во својот дом во периодот од денот на објавување на јавниот повик се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
Јавниот повик е објавен на web страната на Гази Баба www.gazibaba.gov.mk, и во два печатени медиуми.
2.1.Барателот треба да ги исполни следните услови:
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.
3.1.За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави:
3.2.Едно лице може да поднесе само едно барање по домаќинство за добивање на надоместок
3.3.Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори за 2024 година“ во архивата на Општина Гази Баба, на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
5.1.За утврдување на исполнувањето на условите согласно точка 3 на јавниот повик, Градоначалникот на општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците за набавка и вградување на сончеви термални колектори за 2024 година, за граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за 2024 година.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Решенијата за усвојување на барањата за исплата на предвидените средства, ќе започнат да се применуваат од денот на објавување на конечните резултати за избор на претседател на Република Северна Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година, од Државната изборна комисија.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Во прилог – Барање сончеви 2024 ; барање за данок за сончеви 2024; Нова изјава за сончеви колектори.