Врз основа на точка 1 од Програмата на Секторот за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/23) и Правилниот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за купување на високоефикасени инвертер клима уреди (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.4/23), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година
- Опис на Јавниот повик
Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година, но не повеќе од 30.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.
Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.19/23), во Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година од денот на објавување на овој јавен повик.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2024 година, односно се до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година.
Јавниот повик е објавен на web страната на Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), во два печатени медиуми.
- Право на учество на Јавниот повик:
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе купат високоефикасен клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди .
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
- Услови што треба да ги исполни барателот:
Барателот треба да ги исполни следните услови:
- да е жител на Општина Гази Баба,
- да нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од било кој извор на РСМ,
- да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут (нема да се прифатат ќумбиња за печење пиперки,ајвар итн),
- да ја предаде постојната печка на јаглен, дрва, нафта или мазут на општината исклучиво по добивање известување за место и време на предавање на печката, по електронски пат од страна на комисијата (предадената печка мора да се совпаѓа со фотографијата од печката при поднесување, во спротивно барањето ќе биде одбиено),
- набавениот уред да биде купен во 2024 година, во период од објавување на јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
- набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење,
- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
- да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи или бил корисник,
- да има платено данок на имот за станбениот објект во кој ќе биде инсталирана високо ефикасниот клима уред заклучно со 2023 година.
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.
- Начин на пријавување на Јавниот повик
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави:
- пополнето барање, кое може да се подигне од архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди преку интернет страната на општината https://gazibaba.gov.mk/
- фотографија од печката/ите на дрва, јаглен, нафта или мазут која/и ја/ги користи;
- нотарски заверена изјава дека доброволно и без надомест ќе ја предаде постојната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут на општината, дека нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети / инвертери) на своето домаќинство од било кој извор на РСМ и дека е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за ова субвенционирање (пример од изјавата подигне од архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди преку интернет страната на општината https://gazibaba.gov.mk/,
- оригинална потврда/и, заверена/и со потпис и печат од продавачот, дека набавениот инвертер клима уред е високоефикасен т.е. ги исполнува следните минимални карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење (пример на потврдата подигне од архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди преку интернет страната на општината https://gazibaba.gov.mk/,
- оригинален доказ дека е извршено купување во 2024 година и тоа со само една фискална/и сметка/и или фактура со прилог уплатница или фактура со прилог извод од деловна банка за извршена уплата во целост,
- трансакциска сметка исклучиво лична на барателот (не ополномоштена од трето лице),
- сметки од броила за електрична енергија за одделни домаќинства на иста адреса на живеење (доколку две или повеќе домаќинства живеат на иста адреса),
- оригинална/и потврда/и, заверена/и со потпис и печат од општината, дека старата/ите печка/и е/се предадена/ни. Потврдата содржи: име, презиме и адреса на барателот, место и датум на предавање, како и идентификационен број на апликација, и се приложува дополнително исклучиво по добиено известување од страна на комисијата дека истата може да ја предаде,
- барање за издавање потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана печката заклучно со 2023 година, (барањето може да се подигне во архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: https://gazibaba.gov.mk/).
- повеќе домаќинства кои се водат на иста адреса задолжително да достават сметки од различни броила за електрична енергија како доказ дека се посебни одвоени домаќинства.
Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година“ во архивата на Општина Гази Баба, на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
- Начин на спроведување на јавниот повик
Градоначалникот на Општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:
- во првата фаза комисијата ги разгледува пристигнатите поради утврдување на редоследот по кој ќе се разгледуваат барањата,
- во втората фаза комисијата врши детален увид во уредно доставената документација од точка 4 заради утврдување на исполнување на условите од членот 3 од овој правилник,
- во трета фаза комисијата ги известува барателите кои ги исполнуваат условите за местото и времето на предавање на печка/ите, и
- во четврта фаза комисијата врши преглед на потврдите за предадените печки и ги приложува кон уредно доставената документација од точка 4.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
- Начин на остварување на правото на надоместок
За утврдување на исполнувањето на условите согласно точка 3 на јавниот повик, Градоначалникот на општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците за високоефикасни инвертер клима уреди, за граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за 2024 година.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Решенијата за усвојување на барањата за исплата на предвидените средства, ќе започнат да се применуваат од денот на објавување на конечните резултати за избор на претседател на Република Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година, од Државната изборна комисија.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Во прилог може да ги превземете следните документи Барање_Инвертери; Барање_данок инвертери; Изјава за нотар за набавка на инвертери; Потврда за Енергетска ефикасност на инвертер