Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје ве поканува да доставите понуда за набавка на: 2 (два) електрични велосипеди
Вашата понуда согласно формуларот во прилог, треба да ја доставите на следната адреса/е-пошта: во хартиена форма се доставуваат по пошта на Ул. 11 Октомври 42а, 1000 Скопје, или по електронска пошта на е-пошта skopje.administracija@redcross.org.mk за: Црвен Крст на Република Северна Македонија – Црвен Крст на Град Скопје, со назнака: Понуда за Набавка на електрични велосипеди
Понудата треба да ја доставите на македонски јазик. Набавката ќе се спроведе во согласност со „Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) – набавки за ФИП за стоки, (Прописи), петто издание од септември 2023 година.”
Краен рок за достава на понуди на наведената адреса или по електронска пошта е: 23.11.2026.