Општина Гази Баба ја информира јавноста дека од Министерството за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина е доставено известување во врска со постапката за обнова на А-интегрирана еколошка дозвола за Друштвото за заштита на животната средина „ЕКО-ТЕАМ“ ДОО Скопје, со локација на ул. „Перо Наков“ бр. 116, Општина Гази Баба – Скопје.
Барањето за обнова на А-интегрираната еколошка дозвола е поднесено до Министерството за животна средина и просторно планирање на 15.09.2026 година, додека во општина Гази Баба е доставено на 30.10.2026 година со архивски број 30-6952/1.
Се повикува заинтересираната јавност да достави мислења, забелешки и предлози во врска со барањето за обнова на дозволата.
Доставените мислења и забелешки ќе бидат прифатени од Општина Гази Баба и ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање за понатамошно постапување во рамките на постапката.
Во прилог е доставената документацијата поврзана со барањето за обнова на А-интегрираната еколошка дозвола.