ОПШТИНА ГАЗИ БАБА – СКОПЈЕ
за доделување бесплатни садници за дворните и зелените површини на колективните станбени објекти на територијата на Општина Гази Баба
Во насока на заштита и унапредување на животната средина, зголемување на зелените површини, подобрување на микроклиматските услови и квалитетот на живеење, Општина Гази Баба објавува Јавен повик за доделување бесплатни садници за хортикултурно уредување на дворните и зелените површини околу колективните станбени објекти.
Целта на оваа активност е збогатување на постојниот зелен фонд, уредување на заедничките дворни површини и создавање поздрава, поубава и попријатна животна средина за граѓаните.
Проектот ќе се реализира во соработка со ЈКП „Гази Баба 2007“, кое ќе учествува во изборот на соодветни садници, утврдувањето на погодноста на локациите и организираното засадување на садниците.
Јавен повик за бесплатни садници за колективни