И З В Е С Т У В А Њ Е
Врз основа на направената финансиска анализа на досега пристигнатите барања од страна на граѓаните на општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците направени при стерилизација на домашни миленици во 2026 година согласно условите дефинирани со Јавниот повик бр.30-1119/1 од 17.02.2026 година констатирано е дека предвидените финансиски средства се исцрпени.
Согласно глава 5, алинеја 4 од начинот на спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за стерилизација на домашни миленици во 2026 година, Јавниот повик се ЗАТВАРА и барањата за субвенционирање на граѓаните кои ќе пристигнат после ова Известување нема да се примаат.