Со цел овозможување на полесен пристап до услугите кои ги нуди општина Гази Баба, како и полесно и навремено детектирање на проблемите од комуналната инфраструктура, како и утврдување на потребите на граѓаните од аспект на надлежностите на ЈКП Гази Баба ги известуваме жителите на општина Гази Баба дека во Урбаните и Месните заедници има административни службеници во функција на технички секретари.
Со цел нивна достапност во служба на граѓаните јавно ги објавуваме нивните службени телефонски броеви на кои жителите од Урбаните и Месните заедници во општина Гази Баба ќе можат секој работен ден во периодот од 08:00до 16:30 часот да пријавуваат проблеми од областа на комуналната инфраструктура, оддржувањето на објектите од јавен интерес, заштита на животната средина и природата како и за покренување на иницијативи за уредување на просторот и слично.
На овој начин го олеснуваме контактот на граѓаните со локалната самоуправа.