Почитувани граѓани,
Согласно членот 98 а во врска со став 4 член 122 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 23/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15,129/15,192/15,39/16,99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за определување на активности на инсталации за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/05), Град Скопје до Општина Гази Баба достави комплетно барање за добивање Б интегрирана еколошка дозвола од ФИ-СА КОМЕРЦ Љупка ДООЕЛ Скопје.
Барателот ја обавува дејноста за обработка и преработка на животиснки суровини со капацитет од 15t/ден на готови производи од месо.
Со оглед на фактот дека оваа инсталација се наоѓа на локација на Општина Гази Баба во населено место Маџари на ул.Перо Наков ББ (поранешна фабрика Промес), доколку сте заинтересирани може да направите увид во поднесеното барање и да дадете Ваше мислење и забелешки до 24.12.2024 година.
Барањето е достапно во барака 2, Сектор за заштита на животната средина и природата секој работен ден од 8,30 до 15,00 часот, или истото можете да го најдете на следниот линк :