Општина Гази Баба распишува Јавен повик за доделување финансиска поддршка наменета за пензионери во социјален ризик, кои се жители на општина Гази Баба.
Финансиските средства наменети за таа намена се определени во измените на Програмата за Јавни дејности на општина Гази Баба за 2025 година и изнесуваат 7.695.000,00 денари.
Финансиската поддршка изнесува 2.500,00 денари по лице / барател.
Финансиската поддршка се однесува на следната категорија на граѓани:
- Граѓани кои се со постојано живеалиште на територија на општина Гази Баба;
- Приматели на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) чиј износ не е повисок од 23.000,00 денари (согласно податоците од Фонд на пензиско и инвалидско осигурување на Република С. Македонија, за исплатена пензија во месец април 2025 година).
За оставување на правото на овој вид финансиска поддршка, заинтересираните граѓани треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Лицето – пензионер да е корисник на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија.
Потребна документација:
- Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик;
- Копија од лична карта;
- Копија од трансакциска сметка;
- За корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија – доказ за последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата – за примена пензија во последните два месеци, односно април или март 2025 година).
- За корисници на социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност на стари лица) – Потврда / Решение од надлежниот Центар за социјална работа (ЦСР Гази Баба).
- Барањето за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на општина Гази Баба на улица Архимедова број 2 – Скопје.
Барањето со потребната документација може да се достави секој работен ден од 08:00 до 16:30 часот во архивата на општина Гази Баба.
Јавниот повик ќе се спроведува по принципот “прв дојден – прв услужен”, и ќе трае од 06.05.2025 година до 20.05.2025 година, односно додека не се потрошат предвидените средства.