Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики (”Службен весник на РСМ” бр.10/20), член 46-б од Статутот на Општина Гази Баба (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.2/06, 14/12, 10/13, 14/13, 12/14, 4/22 и 9/23) и Одлуката за распишување Јавен повик за свикување иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.15/23), Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За избор на членови за формирање на Иницијативен одбор
за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба
Општина Гази Баба распишува Јавен повик за избор на членови за формирање на Иницијативен одбор за конституирaње на Локално собрание на млади на Општина Гази Баба.
Иницијативниот одбор ќе биде составен од 5 (пет) члена, жители на Општина Гази Баба, на возраст од 15-29 години.
- УЛОГА И ЗАДАЧИ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР
- Го распишува Јавниот повик за конститутивно локално собрание на млади на Општина Гази Баба, во согласност со Статутот на Општина Гази Баба, по принципот на транспарентност и јавност;
- Соработува со органите на Општина Гази Баба (совет и градоначалник) и службеникот за млади на Општина Гази Баба, во конституирање и организирање на локалното собрание на млади на Општина Гази Баба;
- Иницијативниот одбор се формира само за одржување на конститутивната седница на локалното собрание на млади на Општина Гази Баба, по чие одржување се распушта.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, односно до:
- младинските организации;
- организации за млади;
- политички подмладоци;
- ученички организации;
- студентски организаци и
- други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани со седиште во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Гази Баба и сакаат да учествуваат во основањето на локалниот младински совет.
Формите на организирање и здружување кои номинираат свои претставници/кандидати, треба да ги достават следните документи:
- Пријава за номинација поднесена од младинска организација (Образец бр.1 во прилог).
- Портфолио на организацијата/групата/здружението.
- Извештај за работата на младинската организација / здружението за минатата 2024 година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политки и иницијативи на подрачјето на Општина Гази Баба.
- Тековна состојба за регистрирана дејност на субјектот, не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
- Писмо со номинација за член во иницијативниот одбор и контакт информации.
- Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
- Изјава за согласност за користење на лични податоци (Образец бр.2 во прилог).
- Изјава за согласност од номинираните лица за прифаќање на номинацијата (Образец бр.3 во прилог).
- КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР
- Да е жител на Општина Гази Баба,
- Да е на возраст од 15 до 29 години и
- Да е проактивен, креативен и способен за индивидуална и тимска работа.
- НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Субјектите кои ги исполнуваат условите и критериумите наведени во овој повик, можат да поднесат пријава за номинација на свои претставници со потребната документација во 1 (еден) примерок потпишана од одговорното лице на организацијата, секој работен ден од 08 – 16 часот од почетокот до крајниот рок за поднесување на пријави, на следниот начин:
- Непосредно (лично) во предна канцеларија (едношалтерски систем) на Oпштина Гази Баба.
Пријавата за номинација со потребната документација се поднесува во затворен коверт со назнака: ”За јавен повик за формирање на Иницијативен одбор”.
- РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Јавниот повик трае 15 (петнаесет) дена, од денот на објавувањето на веб страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk). Денот на објавување не се засметува во рокот.
Јавниот повик се објавува на 25.06.2025 година и трае до 10.07.2025 година.
Поднесените пријави за номинација со потребната документација, ќе ги разгледа посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Гази Баба од редот на вработените во општинската администрација, која ќе ја утврди валидноста и прифатливоста на секоја поднесена пријава со потребната документација.
Пријавите за номинација кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во определениот рок, нема да бидат предмет на разгледување.
Образци во прилог:
ПРИЈАВА За номинација на претставник/ци од форми на
организирање и здружување на млади, за член/членови во
иницијативен одбор, кој ќе учествува во процесот на конституирање
на локално собрание на млади на Општина Гази Баба
ИЗЈАВА За согласност за користење на лични податоци од номинираното лице
ИЗЈАВА Од номинираното лице за согласност за прифаќање на номинацијата за
член во иницијативниот одбор, кој ќе учествува во процесот на конституирање
на локално собрание на млади на Општина Гази Баба