
Врз основа на точка 4 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2025 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.24/24) и Одлуката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.4/23 и 2/25) Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети за 2025 година
Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за набавка на печки на пелети за 2025 година, но не повеќе од 30.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.
Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2025 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.24/24), во Буџетот на Општина Гази Баба за 2025 година.
Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2025 година настанати од денот на објавување на овој јавен повик.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2025 година, односно се до исцрпување на финансиските средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2025 година.
Јавниот повик е објавен на web страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) и во два печатени медиуми.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети.
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
Барателот треба да ги исполни следните услови:
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави:
Барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење и немаат приклучок на градско централно греење не треба да ја достават документацијата од точкa 2 и 6.
Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети за 2025 година“ во архивата на Општина Гази Баба, на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
Градоначалникот на Општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на Јавниот повик, која ќе ја спроведе постапката во две фази:
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.
За утврдување на исполнување на условите согласно точка 4 на Јавниот повик, Градоначалникот на Општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците за купување на печки на пелети, за граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за 2025 година.
Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Согласно Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за Градоначалник и членови на советот, па до денот на објавување на конечност на резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија, нема да се врши исплата на решенијата за усвојување на барањата за субвенциите.
Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.