
До Општина Гази Баба со архивски број 30-8883/1 од 03.10.2025 година доставено е Известување од Министерството за животна средина и просторно планирање за Обнова на А интегрирана еколошка дозвола на инсталацијата ДРУШТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ БАУЕР БГ ДОО СКОПЈЕ (асфалтна база и бетонска база).
По спроведување на целосната процедура, обновена е А интегрираната еколошка дозвола со број УП1-11-40/8 од 26.09.2025 година, и истата е со важност од 7 (седум) години.
ДРУШТВОТО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ БАУЕР БГ ДОО СКОПЈЕ ја извршува дејноста за производство на неколку видови на топла и ладна асфалтна маса и производство на секаков тип и марка на бетон, на локација на Општина Гази Баба на ул. “16та Македонска бригада” бр.18 (во кругот на Рудници и Железарница)