Врз основа на заклучоците од одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на штети од природната непогода
што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година
Општина Гази Баба започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од природната непогода што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година.
По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Гази Баба започнува постапката за прием на барања и постапување преку постоечки комисии за процена на штети од елементарни непогоди, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка со Владата и со Градот Скопје.
Образецот за пријавување на штета е достапен во архивата на Општина Гази Баба, а ќе може да се преземе и од официјалната веб страна на општината (www.gazibaba.gov.mk) како прилог кон овој јавен повик.
Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во архивата на Општина Гази Баба, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.
Кон барањето задолжително се приложуваат и следните документи:
Општина Гази Баба ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок.
Сите поднесени пријави во определениот рок ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.