Почитувани граѓани,
Согласно член 98 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 23/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15,129/15,192/15,39/16,99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за определување на активности на инсталации за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/05), Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Гази Баба достави комплетно Барање за обнова на А-интегрирана еколошка дозвола за компанијата „БРАТСТВО ПОВРШИНСКА ЗАШТИТА“ ДОО Скопје, лоцирана на ул. „Перо Наков“ бр. 124, Гази Баба – Скопје.
Категоријата на индустриски активности на предметната инсталација е површинска обработка на метали и пластични материјали со електролитски или со хемиски процес, доколку волуменот на процесните резервоари надминува 30 m.
Со оглед на фактот дека инсталацијата се наоѓа на територија на Општина Гази Баба, на ул. „Перо Наков“ бр. 124, доколку сте заинтересирани може да направите увид во поднесеното барање и да дадете Ваше мислење и забелешки до 12.08.2026 година.
Барањето е достапно во барака 2, Сектор за заштита на животната средина и природата секој работен ден од 8,30 до 15,00 часот. Доколку има заинтересирани граѓани може да направат увид во барањето.