
Општина Гази Баба започна со активности за подготовка на Локалниот еколошки акционен план – ЛЕАП за периодот 2027–2032 година, како значаен стратешки документ за планирање на идниот развој и унапредување на животната средина на територијата на Општината.
Со цел ЛЕАП-от да ги одрази реалните потреби, проблеми и приоритети на граѓаните, Ве повикуваме активно да се вклучите во процесот и да го споделите Вашето мислење преку пополнување на краткиот прашалник достапен на следниот линк:
https://www.surveymonkey.com/r/7FXWGYS
Вашите одговори ќе придонесат за подобро согледување на состојбите во областа на квалитетот на воздухот, водите и почвата, управувањето со отпадот, зелените површини, енергетската ефикасност, сообраќајната и комуналната инфраструктура, природните вредности, како и другите прашања кои се важни за квалитетот на живот во Општина Гази Баба.
Секое мислење е важно. Со заедничко учество можеме да придонесеме кон креирање на реални и остварливи мерки за почиста, поздрава, позелена и подобро организирана Општина Гази Баба.
Да го дадеме својот придонес денес, за подобри услови за живот за сите нас и за идните генерации.
Ги повикуваме сите граѓани да го пополнат прашалникот и да бидат дел од создавањето на ЛЕАП 2027–2032.