ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ФОРУМ ЗА СТРАТЕГИЈА ЗА ТУРИЗАМ НА ОГБ
Во соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет Гоце Делчев, пристапивме кон подготовка на Стратегија за туризам на ОГБ. Истата ќе ги мапира сите аспекти за развој на туризмот: транзитен, конгресен и саемски, рурален туризам, угостителството и хотелиерството, спортот и рекреацијата, настани и манифестации, културното и историското наследство, и многу други аспекти на туризмот. Општина Гази Баба, и досега, но и отсега, како носител на стандардот за бизнис пријателска општина, ги вклучува сите заинтересирани страни во нашата локална економија, како креаторите на истата, така и нејзините конзументи, да учествуваат во овој процес на подготовка на стратегијата. Во таа насока, ве покануваме да испратите ваш претставник, да учествува во процесот на размена на идеи, искуства и предлози кои ќе помогнат во креирање на стратегија за туризам во функција на сите нејзини заинтересирани страни. Истата ќе се одржи на 15.06.2015г., среда, со почеток во 10:00h, во големата сала за седници на ОГБ. Во прилог и агендата на работната сесија. Повеќе информации може да добиете на следниот mail: contact@gazibaba.gov.mk , или на телефонскиот број: 02 322 66 55 – Сектор за локален економски развој и информациско – комуникациски развој. Ви благодариме на учеството и на придонесот во креирањето на соодветна клима и услови за развој на туризмот во општина Гази Баба.
07.06.2016 |