Повторна јавна презентација и јавна анкета по предлог ДУП за градска четврт С 19 Блок 01 – општина Гази Баба, Скопје
Предлог – ДУП за градска четврт С 19 Блок 01, Oпштина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Маџари 2″, во рок од 10 (десет) работни дена (од 15.04.2019 год. до 30.04.2019 год.), секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Повторната Јавна презентација на Предлог – ДУП за градска четврт С 19 Блок 01, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 17.04.2019 година со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба-Скопје, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Маџари 2”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1049