Повторна јавна презентација и јавна анкета по Предлог – ДУП за градска четврт СИ 04 Блок 02, општина Гази Баба – Скопје
Предлог ДУП за градска четврт СИ 04 Блок 02, општина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбана заедница ″Маџари 1″, во рок од 10 работни дена и тоа почнувајќи од 13.10.2020 година до 27.10.2020 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Повторната Јавна презентација на Предлог ДУП за градска четврт СИ 04 Блок 02, општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 14.10.2020 година со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница “Маџари 1”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1591