Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Гази Баба во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, повторно ве потсетуваме за:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Со вклучена заедница кон подобрени социјални услуги“ за работно ангажирање со скратено работно време од 5 (пет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 5 месеци (до 31.05.2022 г.) во кој влегува работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што лицата треба да поседуваат соодветен сертификат/уверение за неговател во градинка признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции. Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 12.000,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Заинтресираните невработени лица може да се пријават и да добијат информации во општина Гази Баба кај лицето Валентина Ангеловска- Ќиевска Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ valentina.kievska@gazibaba.gov.mk, најдоцна до петок 21.01.2022 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Гази Баба и избраните кандидати.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ГРАДОНАЧАЛНИК
БОБАН СТЕФКОВСКИ