Врз основа на членот 15 став 1 точка (1) од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на објектите за спорт во сопственост на Општина Гази Баба (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ броевите 16/2018, 15/2019 И 1/2022), Комисијата за користење на објектите за спорт во сопственост на Општина Гази Баба, на 2 јуни 2022 година, утврди
ЈАВЕН ПОВИК БРОЈ 1
за користење на објектите за спорт во општинските основни училишта
во сопственост на Општина Гази Баба за учебната 2022/2023 година
(1) ООУ Григор Прличев, населба Железара
Се објавува јавен повик за користење на Училишна спортска сала во ООУ Григор Прличев, населба Железара.
(2) ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда
Се објавува јавен повик за користење на Спортска фискултурна сала во ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда.
(3) ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари I
Се објавува јавен повик за користење на Спортска сала “Методија Андонов Ченто“ и Помошна фискултурна сала во ООУ Наум Наумовски Борче, населба Маџари I.
(4) ООУ Крум Тошев, населено место Трубарево
Се објавува јавен повик за користење на Училишна спортска сала во ООУ Крум Тошев, населено место Трубарево.
(5) ООУ Његош, населено место Јурумлери
Се објавува јавен повик за користење на Фискултурна сала во ООУ Његош, с. Јурумлери.
(6) ООУ Дане Крапчев, населба Маџари II
Се објавува јавен повик за користење на Фискултурна сала во ООУ Дане Крапчев, населба Маџари II.
(7) ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II
(1) Се објавува јавен повик за користење на Голема спортска сала во ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II.
(2) Се објавува јавен повик за користење на Училишна сала во ООУ Крсте Мисирков, населба Маџари II.
(8) ООУ Вера Јоциќ, населба Хиподром I
Се објавува јавен повик за користење на Училишната спортска сала во ООУ Вера Јоциќ, населба Хиподром I.
(9) По барање на заинтересирана страна, договор може да се склучи и за коистење на игралиштата со вештачка трева во ООУ Григор Прличев, населба Железара и ООУ Стив Наумов, населба Автокоманда.
(1) Намената на објектите за спорт е фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, боречки вештини, пилатес, хип-хоп, стрит денс, модерен балет.
(2) Објектите за спорт од глава I на овој Јавен повик се даваат на користење секој понеделник, вторник, среда, четврток и петок од 17.00 часот заклучно со 23.00 часот, а сабота и недела, за време на државни празници и за време на зимскиот распуст од 1 до 20 јануари и летниот распуст од 10 јуни до 31 август од 10.00 часот заклучно со 23.00 часот.
(3) Објектите за спорт се даваат на користење во видена состојба. Објектите за спорт може да се видат секој ден.
(4) Јавниот повик трае петнаесет (15) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Гази Баба.
(5) Врз основа на Тарифникот за висината на надоместокот за користење на објектите за спорт во сопственост на Општина Гази Баба (број 09-274/16 од 27 јануари 2022 година):
(5.1) надоместокот за објект за спорт од отворен тип во времетраење од еден час изнесува:
(5.1.1) Игралиште за мал фудбал – 300 денари,
(5.1.2) Игралиште за голем фудбал – 600 денари,
(5.1.3) Тениско игралиште – 300 денари, и
(5.1.4) Повеќенаменско игралиште – 150 денари.
(5.2) надоместокот за објект за спорт од затворен тип во времетраење од еден час изнесува:
(5.2.1) Спортска сала со трибина – 600 денари,
(5.2.2) Спортска сала без трибина – 600 денари, и
(5.2.3) Фискултурна сала – 400 денари.
(6) Предност имаат пријавите на барателите со инвестициона програма за оплеменување на објектите за спорт со вредност на инвестицијата и временска рамка за нејзина реализација. Проценката на вредноста на инвестицијата за оплеменување на објектот за спорт ја врши овластен проценител определен од Општина Гази Баба.
Објектот за спорт во кој корисникот инвестирал за негово оплеменување се дава на користење најмногу до десет години.
Корисникот кој инвестирал за оплеменување на објектот за спорт, со одобрение на Градоначалникот на Општина Гази Баба може инвестицијата да ја пребива со надоместокот на користење, но не подолго од три години од склучувањето на договорот за користење на објектот за спорт.
Надоместокот за користење на објектот за спорт го предлага барателот, а Комисијата висината на надоместокот ја утврдува врз основа на мислењето од овластен проценител определен од Општина Гази Баба
(7) Право на учество на јавниов повик имаат сите правни и физички лице под следните услови:
(7.1) Правните лица кои учествуваат на Јавниот повик кон барањето треба да достават:
(7.1.1) назив, седиште и единствен даночен број;
(7.1.2) тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци, како доказ за регистрирана дејност;
(7.1.3) потврда од надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци, ако е трговско друштво за спорт;
(7.1.4) банка-депонент и банкарска сметка;
(7.1.5) нотарска изјава дека не наплатува членарина, доколку се бара користење на објект за спорт без надомест;
(7.1.6) телефон за контакт и е-маил адреса; и
(7.1.7) за кој објект за спорт, намена, период и термин се поднесува барањето.
(7.2) Физичките лица кои учествуваат на Јавниот повик кон барањето треба да достават:
(7.2.1) име и презиме, адреса и матичен број;
(7.2.2) копија од лична карта или патна исправа, како доказ за идентификација;
(7.2.3) банка-депонент и банкарска сметка;
(7.2.4) нотарска изјава дека не наплатува членарина, доколку се бара користење на објект за спорт без надомест;
(7.2.5) телефон за контакт и е-маил адреса; и
(7.2.6) за кој објект за спорт, намена, период и термин се поднесува барањето.
(8) Барањата со потребната документација за учество на Јавниот повик се доставуваат во архивата на Општина Гази Баба секој работен ден од 08-16 чсот со назнака: “За јавниот повик за користење на објект за спорт“ и се наведува името на општинското основно училиште.
Барањето и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака “не отварај” и “за Јавен Повик за користење на објект за спорт” и бројот на Јавниот повик.
Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува барателот.
Барањето се доставува во еден оригинален примерок, што треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице на правното лице, односно од физичкото лице.
При поднесување на барањето задолжително се евидентира поднесувањето на барањето со ден, час и минута.
(9) По поднесените барања од страна на барателите, Комисијата донесува Одлука за користење на објектите за спорт во согласност со Јавниот повик.
Доколку два или повеќе баратели бараат користење на ист термин, терминот ќе се даде на барателот кој прв поднел барање.
(10) Комисијата, пристигнатите барања ги разгледува во рок од пет дена по завршувањето на Јавниот повик.
Барателот чие барање е избрано ќе биде известен во рок од пет дена по завршување на постапката за избор на корисници.
Комисијата ги известува барателите за Одлуката за користење на објектите за спорт.
Избраните корисници се одговорни за почитување на протоколите од Владата на Република Македонија во согласност со Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.
(11) Против одлуката на Комисијата, незадоволниот барател може да поднесе писмен приговор во рок од пет дена по приемот на известувањето.
Приговорот се поднесува до Комисијата, а по истиот одлучува Градоначалникот на Општина Гази Баба, во рок од пет дена од приемот на писмениот приговор.
Одлуката на Градоначалникот на Општина Гази Баба е конечна.
(12) По конечноста на Одлуката за користење на објектите за спорт Општина Гази Баба и избраните корисници склучуваат Договор за користење.
Со Договорот за користење се уредуваат односите помеѓу Општина Гази Баба и Корисникот, како и други прашања што се карактеристични за објектот за спорт, за намената и начинот на користењето на истиот.
Договорот за користење во име на Општина Гази Баба го склучува Градоначалникот на Општина Гази Баба.
(13) Доколку во рок од пет дена по добиеното известување за избран корисник, барателот кој е избран не се јави да склучи Договор за користење, ќе се смета дека се откажал од користењето на објектот за спорт.
Во случајот од ставот (1) на оваа точка и кога избраниот барател писмено се откажува од користењето на објектот за спорт, објектот за спорт ќе биде доделен на следниот кој прв поднел барање на Јавниот повик за истиот објект за спорт и термин.
(14) Договорот за користење е со важност најмногу за една година, освен ако Комисијата донесе одлука за избор на корисник во согласност со точката 6 од овој јавен повик.
(15) Трошоците за нотарска заверка на Договорот склулен со барател со инвестициона програма од точката (6) на овој Јавен повик ги сноси Корисникот.
Комисија за користење на објектите за спорт
во сопственост на општина Гази Баба
Тодор Петров, претседател
Митко Аџикотарев, член
Сања Димовска, член
Васе Јаков, член
01.07.2022