Врз основа на член 50 став (1) точка 4 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на РМ” бр.5/02) и точка 15 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2022 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.17/21 и 5/22), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
Општина Гази Баба-Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За субвенционирање на домаќинствата на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба, за надоместување на дел од трошоците за чистење на оџаци за 2022 година.
1. Опис на Јавниот повик
Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Гази Баба, е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.
Мерката има цел да постигне следните краткорочни и некои подолгорочни ефекти:
– Постигнување на подобро согорување;
– Намалување на штетните отпадни гасови;
– Намалување на саѓите;
– Заштита од пожари;
– Намалување на трошоците за затоплување;
– Заштита на животната средина и природата; и
– Подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.
Финансиските средства за надоместување на дел од трошоците направени за чистење на оџаци се во нето износ најмногу до 1.200,00 денари по домаќинство. Персоналниот данок на доход е на товар на општина Гази Баба. На Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата на граѓаните за чистење на оџаци може да учествуваат граѓани чие живеалиште е на подрачјето на општина Гази Баба.
Јавниот повик ќе трае од 30.07.2022 година до (заклучно со) 30.11.2022 година, односно до исцрпување на финансиски средства од 300.000,00 денари, обезбедени за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2022 година.
Јавниот повик е објавен на web страната на Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), во печатени медиуми (и тоа во најмалку еден дневен весник на македонски јазик и во еден дневен весник на албански јазик) и електронски медиуми.
2. Услови за учество на Јавниот повик
Барателот е потребно да ги исполни следните услови во согласност со точка 15 – Субвенционирање на домаќинствата на граѓаните на подрачјето на Гази Баба за надоместување на дел од трошоците за чистење на оџаци за 2022 година) од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2022 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.17/21 и 5/22):
• Да е жител на подрачјето на општина Гази Баба;
• Адресата на реализираното чистење да се совпаѓа со адресата одважечка лична карта на барателот дадена при пополнување на барањето;
• Чистењето на оџакот да е извршено од стручно лице вработено во фирма што е регистрирана со шифра на дејност 81.22 согласно со Националната класификација на дејност;
• Објектот каде што ќе биде чистен оџакот да не е во фаза на градба;
• Да поседува оригинална фискална сметка за извршено чистење на оџакот со датум од објавувањето на Јавниот повик се до исцрпувањето на средствата од буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2022 година;
• Да поседува оригинална потврда издадена од оџачар за извршено чистење на оџак со датум од објавувањето на Јавниот повик се до исцрпувањето на средствата од буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2022 година.
3. Начин на пријавување на Јавниот повик
Право на учество на овој Јавен повик имаат граѓаните чие живеалиште е лоцирано на подрачјето на општина ГазиБаба, кои ќе го исчистат оџакот на своето живеалиште и ќе поднесат барање во затворен плик заедно со други барани документи кои се наведени во точката 2 на Јавниот повик за искористување на правото за надоместок.
Потврда за извршено чистење на оџакот треба да биде издадена на барателот и истата да се совпаѓа со адресата на живеење. Само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање надоместок. Пополнување на барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за чистење на оџак со личните податоци се доставува во затворен плик во архивата на општина Гази Баба, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
4. Начин на остварување на правото на надоместок
За утврдување на исполнувањето на условите од точка 2 на Јавниот повик, Градоначалникот на општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на домаќинствата на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците за чистење на оџаци за 2022 година, составена од 5 (пет) члена (во натамошниот текст: ”Комисија”).
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата носи Решение за усвојување на барањето и надоместување на дел од трошоците направени при чистење на оџаци за барателите кои ги исполниле условите од точката 2 на Јавниот повик.Во случај да не се усвои доставеното барање, поради доставување на нецелосна или неуредна документација, или доколку барателот не ги исполнува условите од точката 2 на Јавниот повик, општина Гази Баба.
30.07.2022