Врз основа на членот 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија“ број 5/2002) и Меморандумот за соработка број 08-2368/1 од 20 април 2022 година и број 03-98/1 од 20 април 2022 година, склучен помеѓу Општина Гази Баба и Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
КОНКУРС
за доделување на 15 стипендии за додипломски студии на жители на Општина Гази Баба на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за студиската 2022/2023 учебна година
Општина Гази Баба во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за студиската 2022/2023 учебна година ќе додели 15 стипендии на редовни студенти, запишани на додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на јавниот повик.
НАПОМЕНА: РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ ЗА КАНДИДАТИ ЗА СТИПЕНДИИ СЕ ПРОДОЛЖУВА ЗАКЛУЧНО СО 07 ОКТОМВРИ 2022 ГОДИНА.
Во прилог подолу може да го погледнете целиот јавен повик
09.09.2022